Турската разузнавачка служба МИТ имала информации за подготовки за преврат во Турција и неколу часа пред случувањата во петокот вечерта за тоа ја предупредила војската, пишува денеска турскиот магазин „Нокта“. ердо вода

Според податоците на магазинот, службата за разузнавање ги добила информациите дека се подготвува обид за пуч во петокот околу 16 часот по локално време.

Како што пренесува ТАСС, во 16:30 часот раководителот на националната разузнавачка служба МИТ, Хакан Фидан ја пренел таа информација на заменик-началникот на Генералштабот на турската Армија, Јашар Ѓулер.

По ова началникот на Генералштабот, Хулиси Акар издал наредба за запирање на сите воени летови и движења на војската.

Според „Нокта“, првично било планирано превратот да почне во саботата во 3 часот по локлано време, меѓутоа, поради откривањето на плановите, пучистите започнале со пучот во 21 часот во петокот. Значи дека драмењето на Ердоган ,како тој  избегнувал авиони и бомби  е само лажен популизам

Слични содржини