Серафимовски: Ако Владата нема слух за барањата на градежниците во врска со Законот за автопатиштата, ќе реагираме бурно преку сите правни инструменти

од Nikola Popovski

Пред уставните судии во септемрви да ја донесат конечната одлука дали постапката за избор на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка за изградба на три автопати е уставна или не, градежниците ќе направат уште еден обид, со Владата да ги усогласат членовите од Законот.

„Локално.мк дознава дека средбата е закажана за втората половина на месецов.Од Здружението за градежништво при Стопанската комора велат дека на тој состанок уште еднаш ќе ги образложат негативните импликации на предложениот концепт за изградба на трите капитални проекти но ќе говорат и за позитивните кои истиот ги носи а за кои како што вели претседателот Андреја Серафимовски нема детални информации дека постојат.

Се обративме до Владата и ни беше укажано дека паралелно со носење на Законот се разработува концепт како домашните компании да не бидат оштетени и да нема  штетни последици по нивното оперативно работење.Ние за сите наши ставови директно реагиравме до владините институции и очекуваме на средбата да се има слух.Во спротивно бурно ќе реагираме преку сите правни инструменти.Сепак сигурни сме дека државата може во процедурите да ги заштити и своите и интересите на компаниите и на крајот сите да бидат задоволни.За тоа треба голема визија, знаење и познавање  и цениме дека како Здружение можеме многу да помогнеме“, вели Серафимовски.

Вчера премиерот Заев рече дека не очекува Уставниот суд да го оспори Законот за стратешко партнерство, но доколку тоа се случи, односно судиите одлучат дека постапката за избор на Бехтел- Енка е спротивна на Уставот,  изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10, како што рече тој, ќе почне од почеток и ќе се развлече со години.

Серафимовски пак нагласува дека наместо брзината на изградба треба да се мисли на последиците врз домашните компании.

 „Со законот за Bektel&Enka може да се забрза изградбата на автопатите , но не сме сигурни дека тоа би донело нешто добро за државата и за домашните компании.Доколку измените на законот се носат по нормална процедура, проектирањето би тарело две години а изведбата две до три години во зависност од обемот на проектот. Второ може да се распише тендер по однос на правилата на yellow fidic ( проектирање и изведба) како што веќе имаме пример во нашата држава ( поготово за јавни набавки кои се ефинансирани преку ЕБОР) и во тој случај , проектирањето и изградбата оптимално би траела од три до четири години“, дециден е Серафимовски.

Компанијата Бехтел и Енка треба да ги гради автопатските делници од коридорот осул Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга—Ќафасан и делницата од коридорот 10 , Прилеп-Битола.Законот беше донесен по скратена постапка и со него  се овозможува трите автопати да се градат без тендер , со директна спогодба.Антокорупциската комисија го оспори Законот веднаш по неговото носење оценувајќи го како закон со висок ризик за корупција и судир на интереси. Договор во четири очи врз основа на Закон, беше склучен со кинеската фирма Синохидро за изградба на автопатот Кичево-Охрид чија завршница е сеуште неизвесна

Иницијативата на корупционерите, Уставниот суд ќе ја разгледува во Септември.

К.В.С.

Слични содржини