Сергеј Лавров во БиХ и Србија на 28 и 29 октомври

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ги посети Сараево и Белград кон крајот на октомври, потврди во четвртокот портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова.

Лавров најпрво ќе ја посети Босна и Херцеговина на 28-ми октомври.

Захарова на својот профил на Твитер напиша дека Лавров требало да се состане со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, министерот за надворешни работи во Советот на министри и други претставници на властите на Босна и Херцеговина, пренесува Танјуг.

Министерството за надворешни работи во Москва претходно соопшти дека тема на разговор за време на посетата на шефот на руската дипломатија ќе биде натамошниот развој на соработката меѓу Босна и Херцеговина и Русија во областа на политиката, трговијата, економијата и културата, како и хуманитарни прашања.

Истиот ден, Лавров ќе отпатува за Србија, каде ќе престојува на 29 октомври.

„Тогаш ќе се одржи работна посета на рускиот министер за надворешни работи на Србија. Предвидена е средба со претседателот на Србија [Александар Вучиќ], како и присуство на церемонија по повод завршувањето на ентериерот на Храмот Свети Сава и палењето на Вечниот пламен на гробиштата „Ослободителите на Белград“, рече Захарова.

Слични содржини