Сергеј Трифуновиќ повика на нов протест: Дојдете во бели маици!

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерот на Движењето на слободни граѓани, Сергеј Трифуновиќ ги повика граѓаните на Белград да излезат пред Собранието на Србија денес во 18 часот, пренесува „Мондо“.

„Почитувани сограѓани, ве повикувам вечерва сите заедно да покажеме дека не сме хулигани со тоа што ќе дојдеме пред Националното собрание во БЕЛИ МАИЦИ во 18 часот и со тоа да направиме јасна разлика помеѓу хулиганите и нас кои дојдовме да изразиме незадоволство. Исто така, ве замолувам да седиме мирно, на растојание со маски и ракавици. Во овој момент, најважно е да се зачуваат здравјето и достоинството“, напиша Трифуновиќ.

За време на протестите и немирите пред Собранието на Србија, синоќа се повредени 19 полицајци и 17 демонстранти, кои биле згрижени од екипите на Брзата помош.

Слични содржини