Актуелно
Почетна / Спорт / Серхио Перез позитивен на коронавирус

Серхио Перез позитивен на коронавирус

Серхио Перез, возачот на екипата на Рејсинг Поинт, е заразен со коронавирус и нема да учествува на претстојната трка за британското Гран При.

Првиот тест што го направи Перез пред британското Гран При не даде јасни резултати, па возачот мораше повторно да се тестира.

Светската автомобилска федерација потврди дека Мексиканецот е заразен и дека ќе ја пропушти трката во Силверстон.

Се додава дека 30-годишникот е во самоизолација и дека ќе продолжи да ги следи сите процедури.

Во согласност со важечките прописи во Велика Британија, сите што биле во контакт со Перез, исто така, се во карантин.

Се истакнува дека овој настан нема да има големо влијание врз претстојната трка.

loading...