Серија земјотреси во Романија: Земјата се тресеше цела ноќ

од Radmila Tasevska

Тлото не мирува во Романија, која исто така вчера ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во текот на ноќта меѓу вторник и среда се регистрирани дури 13 земјотреси.

За среќа, сите беа со помал интензитет.

Најсилниот земјотрес бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала и е регистриран во 2 часот и 30 минути по романско време на длабочина од 3,9 километри.

Земјотресот се случил на 104 километри северозападно од Крајова, 212 километри источно од Белград.

Да потсетиме, вчерашниот силен земјотрес од Романија беше почувствуван низ цела Србија.

Слични содржини