Серија земјотреси ја погодија Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја стресе централна Турција, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

АФАД на својата официјална веб-страница објави дека земјотресот се случил во 18.51 часот по локално време во областа Тузлукч во провинцијата Коња. Земјотресот се случил на длабочина од седум километри.

Во истата област беа регистрирани уште два земјотреса, со јачина од 4 (18.52 часот) и 4,1 (18.33 часот) степени.

„Засега не се пријавени жртви“, напиша министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на Твитер.

Слични содржини