Серијата „Македонија“ како неуспешен пропаганден памфлет за спас на Никола Груевски

од Nikola Popovski

Никола Немов, американски продуцент со македонско потекло, пристигнува во Македонија на повик на премиерот и на министерката за култура за да сними серија, која треба да му ја раскаже на светот вистината за Македонија, за борбата на македонскиот народ, независноста и идентитетот.

Американски, германски, британски шпиони, како и домашни предавници го спречуваат Немов да го сними серијалот, налик на тоа како „го спречија“ Никола Груевски да го одбрани македонскиот идентитет. Ова беше сижето на сценариото за првата сезона од несудениот филмски серијал „Македонија“, пропаганден памфлет наменет за привиден спас на Никола Груевски кој на хрватскиот „Јадран филм“ требаше да му донесе над 4.5 милиони евра од државната каса, пишува Novatv.mk.

Целиот проект на власта на ВМРО ДПМНЕ се случува во период пред да заминат, во време кога објавените прислушувани телефонски разговори добиваа на интензитет, со што полека се разнишуваше позицијата на Груевски и неговите соработници. Серијата имаше за цел да го амортизира ефектот на опозициските „бомби“, односно да го прикаже Груевски како жртва на сплетките на странскиот фактор во државава.

Повеќе прочитајте на следниов линк.

Слични содржини