Сериозна загуба за системот: Главната сестра на Инфективна и уште две други си поднеле откази (фото)

од Nikola Popovski

Докторот Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, вечерва на својот Фејсбук објави дека се случила крајно непријатна и непосакувана ситуација.

„Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат отказ во еден акт.
Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време…“, стои во објавата на Лазаров.
Во неговата објава стојат во прилог и документите од неговите колешки кои се жалат дека нивната работа е непочитувана, иако претставува најважна алка во медицинскиот тим.

Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат отказ во еден акт. Причините ќе оставам да ги…

Публикувахте от Nenad Lazarov в Вторник, 29 септември 2020 г.

„Причините за да ја напуштам Клиниката по 28 години, професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра како една од најважната алка во медицинскиот тим“, се вели во барањето на главната медицинска сестра.
loading...

Слични содржини