Сестрата на Амбер Херд револтирана од пресудата: „Знаев дека се е против нас“

од Stefanija Kuzmanovska

Судењето кое траеше шест недели и го привлече вниманието на целиот свет, го доби својот епилог, а реакциите за одлуката на судот се уште не стивнуваат.

Во тужбата меѓу Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд, поротата пресуди во корист на актерот, па прифати една точка од контратужбата што Амбер му ја упати на Деп.

По пресудата, Амбер беше незадоволна од конечниот исход и рече дека е разочарана од одлуката на судот.

Нејзината сестра Витни Херд јавно ја поддржа објавувајќи порака дека верува во вистината.

„И понатаму сум покрај тебе, сестро. Вчера, денес и утре секогаш ќе бидам горда што застана во одбрана на себе, што сведочеше и овде во Вирџинија и во Британија и што си глас за сите оние кои не можат да кажат што се случува зад затворени врати“, напиша Витни, додавајќи:

„Знаевме дека ова ќе биде голема борба и сите карти беа против нас. Но, ти стана и зборуваше, без разлика на се. Чест ми е што сведочев за тебе и би го направил тоа уште милион пати бидејќи знам што видов и знам дека вистината е засекогаш на твоја страна. Жал ми е што тоа не се покажа во пресудата на поротата, но никогаш нема да се откажам од тебе.Засекогаш на твоја страна“.

Слични содржини