Сестрата на Бритни Спирс јавно проговори за „инцидентот со ножот“

од Vladimir Zorba

Поп ѕвездата Бритни Спирс во петокот ја нападна преку Твитер својата помлада сестра Џејми Лин Спирс за нејзините наводи во кои раскажува за „инцидент со нож“, што нејзината постара сестра го оспорува, тврдејќи дека „само ѓубре би измислило такви работи за некого“.

Џејми Лин Спирс во неодамна објавените мемоари „Things I Should Say“ тврди дека нејзината постара сестра се заклучила во собата со неа додека држела нож, затоа што била необјасниво „исплашена“.

Водителот на шоуто Џуџу Чанг ја праша Џејми Лин Спирс претходно оваа недела за тој извадок од книгата, истакнувајќи дека таа ја опишала својата сестра како „нестабилна, параноична, непредвидлива“.

„Не можам навистина да зборувам за туѓата состојба на умот. Мислам дека тоа не е фер“, инсистираше Џејми Лин Спирс.

Претходно во емисијата „Добро утро Америка“ ја окарактеризира својата постара сестра како „неконтролирана“.

Но, нејзината сестра одговори на Твитер: „Џејми Лин… Честитки, душо! Се спушти на сосема ново ниско ниво. Никогаш не сум била блиску до тебе со нож… Те молам престани со овие луди лаги за холивудските книги“.

Бритни Спирс возврати во подолг твит, тврдејќи дека нејзината помлада сестра никогаш не била околу неа во тоа време и праша: „Па зошто воопшто да зборуваме за тоа, освен ако не сака да ја продаде книгата на моја сметка?“

Џејми Лин Спирс одговори на Инстаграм пишувајќи: „Жал ми е што ја разочарувам сестра ми, но мојата книга не е за неа. Не можам да го променам фактот дека и јас сум родена Спирс и дека некои од моите искуства ја вклучуваат и сестра ми. Работев напорно уште пред да станам тинејџер и ја изградив својата кариера и покрај тоа што бев само нечија сестра“.

Слични содржини