Сестрата на Ким Јонг-ун ѝ се закани на Јужна Кореја: Го нарече претседателот идиот

од Stefanija Kuzmanovska

Моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун денеска упати остри закани до Јужна Кореја поради размислувата за еднострани санкции против Северна Кореја, нарекувајќи го новиот јужнокорејски претседател и неговата влада идиоти и „бесни кучиња кои глодаат коски“ кои им ги фрлиле САД.

Јужнокорејското министерство за надворешни работи пред два дена соопшти дека ги разгледува дополнителните еднострани санкции против Северна Кореја поради неодамнешните ракетни тестови. Министерството соопшти дека ќе ги разгледа и санкциите и мерките за ограничување за наводните кибер напади на Северна Кореја, доколку Ким Јонг-ун изврши голема провокација, како што е нуклеарен тест.

– Се прашувам какви „санкции“ на Северна Кореја безобразно ќе ѝ воведат јужнокорејските власти, кои наликуваат на бесни кучиња кои трчаат наоколу и глодаат коски фрлени од САД? Каква спектакуларна глетка! – изјави Ким Јо-јонг, пренесува АП.

Сестрата на севернокорејскиот лидер го нарече новиот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол и претставниците на неговата администрација „идиоти кои создаваат опасна ситуација“. Таа додаде дека Јужна Кореја „не беше наша цел“ додека нејзиниот поранешен претседател, кој бараше помирување со Северна Кореја, беше на власт.

Слични содржини