Сестрата на Роналдо објави фотографија на која Меси е на колена пред Португалецот (фото)

од Nikola Popovski

Сестрата на Кристијано Роналдо, Елма, на социјалните медиуми провоцира со објавената илустрација како Лионел Меси е на колена пред Кристијано Роналдо, како ги слави погодоците против Барселона во победата на Јувентус од 3-0 во вторникот.

Завчера Јувентус гостуваше кај Барселона и славеше со убедливи 3:0, а два од погодоците беа дело токму на Кристијано Роналдо.

Ова беше прва средба меѓу Лео Меси и Роналдо по заминувањето на португалскиот ас од Реал Мадрид летото 2018 година.

На графички обработената слика е Португалецот во карактеристична поза, прославата на гол и неговото „сиуу“, додека играчот на Каталонците Лионел Меси е на колена пред фудбалерот на Јуве.

Под сликата, Елма напишала:

– Мојот крал. Најдобриот на сите времиња. Гордоста на мојот живот – се зборовите на Елма Роналдо на „Инстаграм“.

Слични содржини