Сетиен: Натпреварот со Леванте можеше да заврши 8:3 (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен не е задоволен од ефикасноста што неговите фудбалери ја покажаа синоќа на дуелот со Леванте кој го добија со 2:1.

– Задоволен сум од многу работи, но не од сите. Имавме многу добро прво полувреме, мислам дека можевме да постигнеме повеќе. Загубивме малку контрола во второто полувреме и пропуштивме шанси залудно. Фактот што им дозволуваме на противниците премногу ме загрижува затоа што нè тера да се обидеме да постигнеме повеќе. Овој натпревар би можел да заврши со резултат 8:2 или 8:3, изјави Сетиен.

По овој триумф Барселона пак дојде на три бода од лидерот на табелата во Ла лига, Реал Мадрид кој досега собра 49.

 

https://www.youtube.com/watch?v=DGUtGfVfb-M

Слични содржини