Сеул: Северна Кореја лансираше нова балистичка ракета

од Stefanija Kuzmanovska

Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета со краток дострел кон нејзините источни води, соопшти војската на Јужна Кореја, неколку часа откако Пјонгјанг се закани дека ќе започне посериозен воен одговор на зајакнувањето на сојузот на САД со Јужна Кореја и Јапонија.

Во 10:48 часот по локално време, јужнокорејската војска идентификувала лансирање од источното крајбрежно подрачје Вонсан во Северна Кореја, се вели во соопштението на Генералштабот на јужнокорејската армија, пренесува АП.

Слични содржини