Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Русија продолжува да вооружува и да обучува проруски сепаратисти во источна Украина и ја повика Москва да ги почитува прекинот на огнот преку целосно повлекување од конфликтот, соопштува Ројтерс.

NATO Secretary General Jens Stoltenberg and and the Supreme Allied Commander Europe (SACEUR), General Philip Breedlove

Запрашан на прес-конференција за американски дипломатски коментар дека руски тенкови ја преминале украинската граница во изминатите денови, тој одби да коментира директно, но истакна: “Ние … сеуште го гледаме руско присуство и цврста поддршка за сепаратистите во источна Украина. Забележуваме набавки на опрема, сили, обука. Русија се уште е во источна Украина “.

“Затоа ние ја повикуваме Русија да ги повлече сите свои сили од Источна Украина и да ги почитува договорите од Минск”, појасни тој.

Во меѓувреме украинскиот воен портпарол соопшти дека еден војник загина, а четворица се повредени во судирите во источна Украина за последните 24 часа, иако е склучено примирје.

Инаку Столтенберг, рече дека не е јасно каде се повлечени најтешките оружја од двете завојувани страни. Тој предупреди дека примирјето во Украина е “кревко”.

Сите набљудувачи на место треба да имаат слобода на движење и безбедност, за да ја завршат својата работа, витално е прекин на огнот да биде забележан, прецизира генералниот секретар.

Столтенбер соопшти дека НАТО е “разочаран” од одлуката на Русија да го прекине спроведувањето на Договорот за конвенционалните вооружени сили во Европа.

Шефот на НАТО, исто така, коментираше дека вежбите на Алијансата во Црното Море и испраќањето на американска воена техника во Балтикот се поврзани со одбрана и се во согласност со меѓународните обврски на пактот.

Во врска започнатата од претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер дебата за паневропска армија Столтенберг смета дека не треба да се дуплираат со НАТО, бидејќи зајакнувањето на одбранбените способности нема да доведе до потребниот ефект.

Слични содржини