Северен Лас Вегас: Четири лица загинаа во судир на два авиона

од Stefanija Kuzmanovska

Четири лица загинаа во судир на два мали авиона на аеродромот во Северен Лас Вегас, Невада, соопштија официјални лица.

Федералната управа за воздухопловство соопшти дека „Пајпер ПА-46“ и „Цесна 172“ се судриле околу пладне во неделата, пишува „Вашингтон пост“.

Според прелиминарните информации, „Пајпер“ се подготвувал за слетување кога се судрил со „Цесна“, соопшти Федералната управа за авијација.

Слични содржини