„Северен пол” се квалификува за Оскар и доби номинација за Европски награди

од Vladimir Zorba

Уште еден голем успех на „Северен пол”. Филмот на Марија Апчевска-Петровска во продукција на „Кино око” освои Grand Award на 63тото издание на ZINEBI – Bilbao International Documentary and Short Film Festival. Овој фестивал е единствениот во Шпанија од А категорија за краток игран и документарен филм кој е препознаен од организацијата FIAFP (International Federation of Film Producers Association). Со освојување на оваа награда филмот се квалификува за наградата Оскар што ја доделува Американската академија за подвижни слики, наука и уметност (AMPAS).

Исто така, на истиот фестивал филмот „Северен пол” ја доби и номинацијата за Европските филмски награди (EFA).

По премиерата во Официјалната селекција во Кан филмот „Северен пол” учествуваше на повеќе од дваесет интернационални фестивали во светот.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Биљана Гргур, дизајн на шминка Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуча, кастинг Кирија А. Николоска. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ од Сервиа Филм и Миодраг Поповиќ од Форгрејд од Србија и Петер Шекереш од Тиволи продукција од Унгарија.

„Северен пол” е финансиски е подржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Српскиот филмски центар.

Слични содржини