Северина ги изненади обожавателите со новиот костим за капење, ваква не сте ја виделе (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Северина Којиќ моментално летува на Малдивите, но не ја занемари ниту својата страница на Инстаграм, каде редовно објавува фотографии кои го одземаат здивот.

Денес, таа објави фотографија во многу необичен костум за капење, бел со големи црни точки. Она што е невообичаено кај овој костим за капење е тоа што горниот дел повеќе потсетува на блуза. Навикнати сме да ја гледаме Севе во далеку попредизвикувачко издание, па ова изгледа многу поскромно.

Покрај ова, останува прашањето како да се сончате во овој модел костими за капење, бидејќи покрива многу.

– Сурфање и забава – напиша таа во описот на фотографијата на која држи даска за сурфање.

Слични содржини