Северина откри како изгледало снимањето на „Хејт Словени“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Видеото против говорот на омраза „Хејт Словени, сè уште сте живи“ продолжува да предизвикува реакции кај луѓето од целиот регион на Западен Балкан.

Северина, која игра касиерка во овој проект, откри како изгледала снимањето и колку им било тешко да ги користат сите зборови што ги слушаме во него.

Сепак, имало и многу смеа, и на крајот, популарната пејачка затанцувала.

Креатор на кампањата „„Хејт Словени““ е магазинот „Бука“. Со ова видео, тие сакаа да поттикнат култура на дијалог, емпатија и разбирање меѓу луѓето. Целта е да се посочи сè почестиот говор на омраза што се заканува да стане општо прифатен начин на комуникација во општеството.

Спотот го напиша и режираше Предраг Личина, а во главните ликови играат Северина, Христина Поповиќ и Горан Богдан.

Слични содржини