Северина по рочиштето за старателство: „Многу сум тажна“

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од два часа траеше рочиштето во понеделникот во Сплитскиот окружен суд во случајот во кој Северина Којиќ и Милан Поповиќ се борат за старателство над нивниот син и за тоа со кого ќе живее момчето.

Вчера, Северина Којиќ и Милан Поповиќ пристигнаа одделно во окружниот суд во Сплит, на рочиште на кое се одлучува за старателство над нивниот заеднички син.

Поповиќ не даде изјави, а Северина се надева дека ќе го гледа својот син почесто од секој втор викенд и половина од годишниот одмор, колку што сега го гледа според судската одлука. Веднаш по сослушувањето, пејачката даде изјава за тамошните медиуми.

„Многу сум тажна. Моето дете е без мајка 20 месеци и јас сум без детето под многу невообичаени околности, но верувам во правда и се надевам дека сè ќе биде добро“, рече Северина пред судот.

Со неа се појави и нејзиниот адвокат Мате Матиќ.

„Одлуката е завршена, никакви докази нема да се спроведуваат повеќе. Тие го завршија сослушувањето и дискусијата, а одлуката ќе уследи во еден временски период “, рече адвокатот на Северина, Мате Матиќ.

Слични содржини