Хрватската пејачка Северина ги објави стиховите на поетот Стефан Симиќ на Инстаграм, а до фотографија, на која позираше покрај морето.
„Ветер во мојата коса, тие пеат, а јас се задоволувам со стиховите на Стефан Симиќ“, напиша Северина во својот последен пост на Инстаграм, каде позира во Сплит.
„Јас сè уште ги избирам луѓето по душа; не по професија, статус, пари; јас се грижам за тоа, искрено; ме интересира душата“, стои во стихот на поетот, цитиран од популарната пејачка.
„Затоа душата ми е толку важна“, напиша во коментар нејзиниот ПР, Давор Гргин.
Пред неколку дена, локалните медиуми напишаа дека Северина добила кривична пријава затоа што не го предала синот Александар на нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ.
Регионалната sвезда потоа одлучи да се опушти покрај море и објави фотографија на која позира во костум за капење.