СЕВЕРИНА СТАНА БАБА: Објави емотивна фотографија со својот внук (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Северина ги разнежни своите придружници со фотографија која ја објави на социјалните мрежи, на која позира со бебе и откри дека неодамна станала баба.

Имено, Севе објави фотографија на која го гушка бебето со насмевка, а како што и самата откри, станува збор за дете родено од нејзината внука, Миа Поповиќ.

Миа е ќерка на сестрата на Северина, Мирјана Поповиќ, која живее со своето семејство во Белград, неодамна се породи и роди син, кого го нарече Адриан.

„Клучот за животот е во твоите раце“, напиша Северина во описот на фотографијата која омекна многумина.

Слични содржини