Северина ужива на Малдиви во огнено црвен костим за капење (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Откако сподели со многубројните обожаватели дека примила втора доза на вакцината против коронавирус, Северина овој пат се огласи со фотографија од Малдиви.

Со описот „Не знам ништо, тука сум со велосипед“, Северина сподели фотографија на која позира на велосипед опкружена со синило и песок, додека на себе носи интересен огнено црвен костим за капење во ретро стил.

За само неколку часа по објавувањето, нејзината фотографија во црвено бикини успеа да собере над 40.000 лајкови, а благодарение на неа доби бројни комплименти од следбениците.

Нејзината фотографија од Малдивите уследи откако ѝ откри на јавноста дека примила втора доза на вакцината против коронавирус.

Слични содржини