Северна Кореја истрела уште четири балистички ракети

од Vladimir Zorba

Северна Кореја истрела уште четири балистички ракети, соопшти јужнокорејската војска.

Претходно утринава Пјонгјанг лансираше повеќе од 10 проектили, од кои една слета недалеку од јужнокорејските територијални води, а Сеул возврати со три ракети воздух-земја.

Нови ракети беа истрелани во 6:51 часот од две локации во провинцијата Северен Пјонгјанг, соопшти Сеул.

По извршената анализа беше соопштено дека се работи за „балистички ракети со краток дострел“.

Сеул утринава соопшти дека севернокорејска ракета ја преминала северната гранична линија за прв пат по поделбата на полуостровот.

Слични содржини