Северна Кореја спроведе нуклеарни вежби, симулираше контранапад на САД и Јужна Кореја

од Stefanija Kuzmanovska

Војската на Северна Кореја изведе нуклеарни воени вежби на кои симулираше нуклеарен контранапад на САД и Јужна Кореја, а вежбите беа надгледувани од севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, како и неговата ќерка, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата соопшти дека вежбите вклучувале лансирање на ракети со краток дострел, но дека е невообичаено што еден од проектилите бил истрелан од закопан силос, што може да помогне да се зголеми брзината и стабилноста во идните тестови на интерконтинентални балистички ракети (ICBM).

Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА објави дека вежбите биле дизајнирани да ја зајакнат „воената способност за одвраќање и нуклеарниот контранапад“, тврдејќи дека Вашингтон и Сеул прават „експлицитен обид да започнат војна“ против Северна Кореја.

Слични содржини