Северна Кореја доби нови построги санкции од СБ на ОН

од Vladimir Zorba

  Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која ќе бидат заострени санкциите против Северна Кореја поради нејзините ракетни тестирања.

Како што објави Би-Би-Си, Русија и Кина, исто така, го поддржаа документот за воведување нови санкции против Пјонгјанг по извршената шеста и најголема нуклеарна проба.

Петнаесет члениот СБ на ОН едногласно ја поддржа резолуцијата за санкции од страна на САД, со која се забранува извозот на јаглен, олово и морски плодови.

Ова е деветта резолуција со санкции, која Советот за безбедност ја усвојува едногласно од 2006 година поради ракетната и нуклеарната програма на Северна Кореја.

Пјонгјанг тврди дека има произведено хидрогенска бомба и постојано се заканува дека ќе ги нападне САД.

ОН веќе има воведено санкции против Северна Кореја, со цел да го принуди раководството на таа земја да ја прекине својата ракетна програма.

Новите санкции беа усогласени вчера откако САД ги отстрани некои од построгите предлози што ги објави минатата недела, вклучувајќи целосно нафтено ембарго и замрзнување на сметките и имотот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун /МИА

Слични содржини