Северна Кореја истрела балистичка ракета кон бреговите на Јужна Кореја

од Stefanija Kuzmanovska

Северна Кореја истрела денеска балистичка ракета кон источните брегови на Јужна Кореја, соопшти јужнокорејската војска.

Јапонската крајбрежна стража соопшти дека се верува дека ракетата, која ја истрела Северна Кореја, е балистичка ракета, но не соопшти каде паднала, пренесе „Ројтерс“.

Ова е втор проектил што Северна Кореја го лансираше оваа недела, наведува АП.

Белата куќа соопшти дека потпретседателката на САД, Камала Харис, за време на престојот во Јужна Кореја, утре ќе ја посети демилитаризираната зона што го дели Корејскиот полуостров.

Таа посета, како што е наведено, ја нагласува „американската посветеност на заканата што Северна Кореја ја претставува за Сеул“, а потпретседателката Харис ќе ѝ оддаде почит на „заедничката жртва“ на десетици илјади американски и корејски војници кои заедно се бореа во Корејската војна.

Посетата на американската потпретседателка доаѓа неколку дена откако Северна Кореја истрела балистичка ракета во морето и доаѓа поради стравувањата дека Пјонгјанг ќе изврши уште една нуклеарна проба, бидејќи обидите на администрацијата на претседателот Џозеф Бајден да стапи во контакт до севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун не успеаја.

Слични содржини