Северна Кореја истрела две ракети, шести пат овој месец (ВИДЕО)

од Milan1

Северна Кореја денеска истрела две балистички ракети во море, што е шесто тестирање на тоа оружје овој месец, соопшти јужнокорејската армија.

Експертите велат дека Северна Кореја ги зајакнала своите балистички ракетни активности, веројатно за да изврши притисок врз администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден поради воведените санкции.

Пандемијата на коронавирусот дополнително ја ослабе севернокорејската економија предизвикана од американските санкции.

Јужнокорејските здружени штабови соопштија дека ракетите, најверојатно со краток дострел, биле лансирани во период од пет минути од околината на Хамхонг, на источниот брег на Северна Кореја, и летале околу 190 километри и до височина од 20 километри пред да паднат во морето.

Слични содржини