Северна Кореја: Каде е претседателот Ким Џонг Ун?

од Vladimir Zorba

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-Ун се поретко се појавува во јавноста во последните два месеци, а во последните три недели државните медиуми воопшто не известуваа за неговото присуство на јавни настани, посочуваат аналитичарите.

Необичното отсуство од јавниот живот на севернокорејскиот претседател започна веднаш по воведувањето на итни мерки поради пандемијата од коронавирус, иако Пјонгјанг тврди дека во Северна Кореја нема случаи на ковида-19, пренесува Ројтерс.

„Ова не е нормална ситуација“, рече Чад О’Карол, шеф на организацијата која ја следи состојбата во Северна Кореја.

Властите на Јужна Кореја сметаат дека претпазливоста поради вирусот е веројатна причина за ограниченото појавување на Ким во јавноста.

Неименуван, официјален извор на Ројтерс во Сеул вели дека Ким веројатно ја води земјата од неговата омилена вила во Вонсан, додека јужнокорејската разузнавачка агенција тврди дека Ким бил подложен на операција на зглобот.

Слични содржини