Северна Кореја повторно истрела две крстосувачки ракети со долг дострел

од Stefanija Kuzmanovska

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун го надгледуваше лансирањето на две стратешки крстосувачки ракети со долг дострел, објавија државните медиуми, нарекувајќи го тоа тест за потврда на веродостојноста и ефикасноста на нуклеарното оружје.

Пробното лансирање имаше за цел „да ја подобри борбената ефикасност и моќ“ на крстосувачките ракети распоредени во Корејската народна армија „за тактичко нуклеарно оружје“, соопшти државната новинска агенција КЦНА.

Истакнувајќи дека пробното лансирање е уште едно јасно предупредување за неговите „непријатели“, лидерот Ким Јонг-ун рече дека земјата „треба да продолжи да ја шири оперативната сфера на стратешките нуклеарни вооружени сили со цел одлучно да се избегне каква било војна или воена криза во секое време и целосно ја презеде иницијативата во тоа“, соопшти КЦНА.

Слични содржини