Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

од Stefanija Kuzmanovska

Северна Кореја истрела балистичка ракета во правец на источниот брег, соопшти Генералштабот на армијата на Јужна Кореја.

Последното лансирање уследи по заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД и враќањето на американскиот носач на авиони во регионот, пренесува „Ројтерс“.

Денешното лансирање е шесто во последните 12 дена и прво од минатиот вторник, кога Северна Кореја истрела ракета со среден дострел над Јапонија.

Слични содржини