Северна Македонија треба без двоумење да го прифати новиот француски предлог, вели Рама

од Берта Китинска

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека Северна Македонија треба без двоумење да го прифати новиот француски предлог.

„Според моја гледна точка, новиот предлог, кој е и конечен предлог и ние мора добро да го разбереме ова, не ние, особено нашите браќа во Северна Македонија добро ќе го разберат, е сосема прифатлив предлог. Парламентот на Македонија треба да го прифати без никакво двоумење и општеството треба да се чувствува целосно ослободено затоа што ќор – сокакот е надминат и елиминирани се некои нијанси што го направија неприфатлив претходниот предлог “, рече Рама.

Рама рече дека Албанија нема никаков проблем со Бугарија, додавајќи дека „немаме никаква загриженост од каква било природа освен загриженоста создадена од пристапот на Бугарија кон билатералното прашање во Северна Македонија и како резултат на заложништвото на Северна Македонија и Албанија“.

Слични содржини