Сезонскиот грип во Грција го одзеде животот на 38 лица

од Vladimir Zorba

38 се жртви на сезонски грип во Грција до 2 февруари, соопшти Националната здравствена организација. Само во последната недела починаа 17 лица.

Од 40-тата недела од 2019 година, кога ќе започне сезонскиот период за набљудување на грип, па се до 5-тата недела од 2020 година (27 јануари до 2 февруари), пријавени се 151 сериозни, лабораториски потврдени, случаи на грип, а 136 лица се хоспитализирани во интензивни одделенија.

Од тие пациенти, само 55 (36,4%) биле вакцинирани против грип, се вели во билтенот.

Поголемиот дел од пациентите биле со вирус на грип А, подтипови А (H3N2) и А (H1N1) pdm09.

Сезоната на грип обично започнува на почетокот на октомври и трае до крајот на мај.

Слични содржини