Во Советот на федерацијата (горниот дом на рускиот парламент) ги разговараа обидите на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган да ги загрее односите со Русија по инцидентот со соборениот руски самоубиец Су-24.

ердогс

Ердоган по инцидентот со авионот постојано  ја менува реториката. Ту тврди дека Анкара нема да се извинува за ништо, ту зборува дека жали за она што се случило и се надева на подобрување на односите со Русија. Сегашниот “помирителна тон” на турскиот лидер во Советот на федерацијата го сметаа за знак за слабеење на неговата позиција во својата земја. Столот на Ердоган почнува да се ниша. Таквото мислење изрази заменик-претседателот на Советот за одбрана и безбедност, Франц Клинцевич, соопштува “Роси Сегодня”. “Се клати , столот на Таип Ердоган почнува да се ниша. Тој нема  разбирање дури и во сопствената земја “, вели Клинцевич.

Според сенаторот, Ердоган “е многу огорчен” не од инцидентот со рускиот авион, туку  од реакцијата на Русија на овој инцидент, особено, одлуката за укинување на безвизниот режим. Претходно претседателот на Турција, изјави дека многу е огорчен од инцидентот со рускиот Су-24 и смета на можната средбата со претседателот на Русија Владимир Путин во Париз за шанса за обновување на односите меѓу двете земји.

Декретот на претседателот на Русија за специјалните економски мерки во однос на Турција значи дека  се тука на таканаречената “точка од која нема враќање назад ” ,смета  Клинцевич. “По трагичниот инцидент (со Су-24) ние четири дена – цели четири дена , ја оставивме вратата отворена. Но разбирливи објаснувања така и не добивме. Сега се плашам дека точката од која нема враќање назад,  поминува “, рече рускиот политичар

Слични содржини