Шахпаска: Беспредметно е родителите да не одат на работа откако градинките се отоврија

од Aleksandar Petrovski

Вчерашната владина одлука, од 23 септември да се вратат на работа родителите кои користеле мерки на Владата за заштита од ковид-19, се однесува на оние кои имаат деца од 0 до 6 години и на мајките на кои им било продолжено породилното боледување, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаски.

-Нашите анализи покажаа дека согласно Протоколот градинките во државата имаат капацитет да примат 19.000 деца, а интерес досега покажале родители на 14.555 деца. Притоа, морам да нагласам, дека и дел од родителите што веќе ги пријавија децата, изминатата недела не ги носеа во градинка. Од тие причини Министерството за труд и социјална политика достави допис до градинките да ги проверат родителите и да утврдат дали тие деца ќе доаѓаат во градинка. Дополнително, приоритет за згрижување во градинка ќе имаат децата на самохраните родители и децата на двајца вработени родители. Од тие причини потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна. Простор во градинките има, Протоколот се почитуваа целосно, Министерството и Владата внимателно ја следат работата и затоа работниот процес мора целосно да се врати во нормала“, нагласи министерката Шахпаска.

Во однос на Одлуката на Владата на Република Македонија за прекинување на продолженото породилно отсуство, министерката Шахпаска оцени дека со отворањето на градинките и оваа мерка ја губи смислата.

„Тие родители ги чуваа своите дечиња затоа што градинките не работеа. Градинките веќе се отворени и затоа на вчерашната владина седница беше донесена одлука родилките кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство да се вратат дома“, додаде Шахпаска.

Слични содржини