Шахпаска: Бремените жени и лицата над 60 години да не одат на работа поради високите температури

од Nikola Popovski

Поради преголемите жештини, МТСП испрати допис до сите работодавачи, како од јавниот, така и од приватниот сектор, за почитување на препораките за лицата над 60 години и бремените жени, да не одат на работа додека трае топлотниот бран, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска за емисијата „Вин-вин“.

Таа наведува дека тие како министерство за надлежни за имплементација на законот и безбедноста и здравје при работа.

„Инспекциските служби се на потег и ќе реагираме ако не се почитуваат работничките права. Сметам дека никој од работодавачите не би се осмелил да го стави во ризик здравјето на граѓаните, затоа што сега излегуваме од еден тежок период поради ковид-кризата“, додава Шахпаска.

Тропските горештини што ја зафатија и нашата земја кулминираат денеска и утре со температури и над 40 степени Целзусови во југосточниот регион, па активирано е портокалово, а во јужновардарскиот регион и црвено ниво за опасност.

Лекарите предупредуваат – дел од граѓаните не ги почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран и излегуваат надвор и во периодот кога е најтопло – од 10 до 18 часот, што може скапо да ги чини по здравјето, а дури и по животот.

Слични содржини