Шахпаска: Има родители кои ги запишале децата во градинка, а не ги носат

од Nikola Popovski

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на прес-конференција изјави дека задолжителното пензионирање на работниците на 64 години кај мажите и 62 години кај жените нема да важи за приватниот, туку само за јавниот сектор, со што ги најави законските измени за пензионирање кои влегуваат во законска процедура.

Таа дополни дека ова нема да важи за здравствените работници и соработници, како и најверојатно за универзитетските професори.

За ситуацијата со градинките, Шахпаска тврди дека во нив засега има слободни места, а доколку дојде до ситуација да се пополнат сите постоечки капацитети општините имаат препорака да обезбедат алтернативни решенија за сместување на дечињата.

„Нашата анализа говори дека има запишани деца во градинка кои родителите не ги носат. Испратен е допис до градинките да ги контактираат родителите на тие деца за да се ослободат места кои на некои родители им се неопходни“, рече Шахпаска.

loading...

Слични содржини