Шахпаска: Комисијата за заразни болести треба да одговори околу проширувањето на бројот на деца во градинките

од Nikola Popovski

Министерството за труд и социјална политика бара од Комисијата за заразни болести да се зголеми бројката на деца во градинките поради стабилната епидемиолошка состојба. Според нив, епидемиолошската состојба е стабилна.

„Во еден наврат ние го проширивме бројот на деца за да бидат наместо 15, 20  деца присутни во групите.  Испративме нов допис со оглед на епидемиолошката состојба во државата којашто е стабилна, да може да се зголеми бројот на деца надвор од протоколите,  секако со почитување на мерките за превенција од инфекција со ковид-19. Значи Комисијата  за заразни болести треба да одговори околу проширувањето на бројот на деца  во градинките“, изјави денеска министерката Шахпаска.

Таа додаде дека дополнително до здравство испратиле списоци со невакцинирани лица вработени во установите за да се направат листи со приоритет.

Воспитувачките и негувателките во градинките во март беа меѓу првите на кои им беше овозможено да се вакцинираат против Ковид.

Слични содржини