Шахпаска на средба со претставници на синдикатите и работодавачите

од Берта Китинска

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска одржа работна средба со претставници од репрезентативните, нерепрезентативните синдикати и претставници на работодавачите, на која се дискутираше за продолжување на процесот на подготовка на Законот за работните односи.

Како што соопшти МТСП, на дискусијата министерката Шахпаска побара активно вклучување на сите чинители засегнати од законското уредување на прашањата кои ги регулира овој Закон, додавајќи дека следните работни среди ќе бидат надополнети и со претставници на невладиниот сектор и стопанските комори.

Притоа, таа присутните претставници ги запознала со содржината на програмата на Владата, а која  е поврзана со Законот за работни односи.

– Она на кое  што ќе работиме периодот пред нас се уредување на прашањето во врска со сезонската работа, флексибилното работно време, родителското отсуство, работата од  дома работата од  далечина, договорите на определено време и други прашања важни за унапредување на позитивното законодавство, а ќе обезбедат флексибилност и сигурност на работните места, посочи Шахпаска.

Како што се наведува во соопштението, во овој процес ќе бидат  вклучени  и експерти од трудово право и Меѓународната организација на трудот, со цел добивање на експертско мислење за усогласеноста на Законот со директивите на ЕУ и Конвенциите на МОТ.

На крајот од работната средба сите страни се согласија на поинтезивна работа и средби во периодот кој следува ,со цел побрзо заокружување на содржината на новиот Закон за работни односи, се нагласува во соопштението.

loading...

Слични содржини