Шахпаска: Нема ширење на вирусот во градинките

од Берта Китинска

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во Студио 10 на ТВ24, напомена дека доколку доследно се почитуваат мерките и пристапиме кон вакцинација брзо ќе излеземе од пандемијата.

-Третиот бран сериозно го достигнува пикот, најголем е притисокот врз болниците. Во изминатите 7 дена имаме регистрирано 59 вработени и 11 дечиња се позитивни од градинките. Бројките не одат екстремно високи, пикот беше во втората седмица од ноември. Градинките се уште се безбедно место за сместување на дечињата. Протоколите се почитуваат, нема ширење на вирусот.“ – вели Шахпаска.

Слични содржини