Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка каде што ќе се згрижат 102 деца

од Nikola Popovski

„Општина Липково добива нова детска градинка каде што ќе се згрижат 102 деца. Денес со градоначалникот Еркан Арифи потпишавме Договор за грант со кој се доделуваат финансиски средства во износ од 50 милиони денари за изградба на нова детска градинка во населеното место Матејче“, објави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Според нејзините зборови, овој грант е дел од компонента 2 на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска банка.

„Досега, со средствата преку овој Проект, реконструирани се градинки во Ресен и Боговиње, а во тек е изградбата и реконструкцијата на уште осум градинки во Кавадарци, Неготино, Кочани, Струмица, Пробиштип, Крива Паланка и во скопските општини Кисела Вода и Ѓорче Петров, во кои ќе се згрижат уште 1349 деца“, соопштува Шахпаска.

Градоначалникот на Општина Липково, Арифи, информираше дека според официјалните статистички податоци, на територијата на општина Липково живеат околу 2.200 деца на возраст до шест години, како и дека изградбата на оваа нова градинка е вистински потег во правец на решавање на предизвикот.

Слични содржини