Шахпаска: Помалку од 50 проценти од вработените во градинките се вакцинирани

од Vladimir Zorba

Апелирам до вработените во градинките, до оние кои не се вакцинирани, да се вакцинираат за да може по завршување на годишните одмори, градинките да работат со полн капацитет секако согласно епидемиолошката состојба во државата. Бројките кои ги добивме од Координативното тело задолжен за процесот на вакцинирање покажуваат дека помалку од 50 проценти од вработените во градинките се вакцинирани, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за Македонската радио телевизија.

Таа посочи дека во првиот бран, кога Владата подготвувала приоритетни групи кои треба да се вакцинираат, биле и вработените во градинките. Министерката за труд и социјална политика потенцираше дека со доследно почитување на протоколите од страна на вработените, родителите но, и поради природата на вирусот, согласно ограничениот број на присутни деца, градинките беа првите отворени објекти во услови на пандемија. Со тоа, рече Шахпаска покажавме дека се безбедно место за згрижување на децата.

Слични содржини