Шахпаска: Рабтниците кои ќе бидат ангажирани во недела ќе добиваат 50 отсто поголема дневница

од Берта Китинска

Се радувам што конечно по една година разговори со сите засегнати страни донесовме законско решение со кое ги унапредуваме работнчките права. Дури 92 отсто вработени нема да работат во недела, вели Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, за Утрински брифинг.

-Исклучоци има во 41 област кои се од суштинска важност за да функционира државата нормално. Рабтниците кои ќе бидат ангажирани во недела ќе добиваат 50 отсто поголема дневница. Работниците се наш капитал и треба да ги унапредуваме. Треба да имаат баланс меѓу приватниот и работниот живот. Законот ги помина сите филтри што ги засега овој закон, вели Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, за Утрински брифинг.

Таа вели дека при изработка на законот се користеле позитивните искуства од другите земји.

-Единствно исклучок се прави во Законот за трговија за моловите. Ќе работат и зелените пазари. Ние тргнавме со 31 исклучок, а со дијалог дојдовме до 41 исклучок за процеси кои се суштински и ако не се работи во недела ќе се наруши процесот на производство. Со тоа што работат моловите, работниците ќе добиваат 100 отсто поголема дневница, а во Буџетот ќе се слеваат 2 отсто повеќе даноци што ќе се користат за изградба на градинки, вели Шахпаска.

Слични содржини