Шахпаска: Се гради нова градинка во Битола за 150 деца

од Nikola Popovski

Во Битола направивме увид во градежните работи на новата детска градинка која е во склоп на градинката „Мајски цвет“. Новата градинка се гради на површина од 810 метри квадратни во населбата „Димче Лахчански“ и со нејзиното функционирање капацитетот за сместување на деца во градинките ќе се зголеми за 150 деца, информира министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Според неа, децата ќе бидат сместени во 8 воспитни групи.

-Министерството за труд и социјална политика и Општината Битола за оваа детска градинка потпишаа договор за Грант за изградба и опремување на градинката во износ од 57.000.000 денари. За една година отворивме 15 нови градинки, а до крајот на оваа година ќе бидат отворени уште 10 детски градинки, истакна Шахпска.

Слични содржини