Шахпаска: Се отвора нова градинка во Сопиште за 57 дечиња

од Nikola Popovski

Со отворањето на нови градинки и проширувањето на капацитетите на постоечките одговараме на потребите на родителите кои сакаат да ги вклучат своите деца во предучилишно образование, објави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Според неа, уште една нова градинка во Општина Сопиште е во завршна фаза на изградба, односно веќе се уредува ентериерот и дворот, по што за најдоцна еден месец ќе биде подготвена да згрижи 57 дечиња.

-Министерството за труд и социјална политика издвои 20 милиони денари од Буџетот за изградба на оваа градинка. Нашите цели се јасни, нашата заложба е видлива, нашиот успех е мерлив. За само десет месеци отворивме 14 нови градинки, а до крајот на оваа година ќе бидат отворени уште 11 детски градинки, потенцира Шахпаска.

Слични содржини