Шахпаска: Законот за пензионирање на 64 години ќе биде деблокиран

од Nikola Popovski

„Законското решение за пензија со 64 години се наоѓа во Собранието. Ова го предложија пратениците и постоеја 482 амандмани за Законот на работни односи. Моите сознанија се дека ќе биде деблокиран и ќе продолжи собраниската процедура“, вели министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, за одењето во пензија.

Според неа, со овој закон се предвидува пензионирање со 64 години за мажи и жени и 15-годишен стаж.

„Доколку сакаат жените, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, можат да поднесат барање за пензија со 62 години“, додава Шахпаска.

Таа информираше дека МТСП во моментот не работи на законско решение  за предвремена пензија со откуп на стаж, бидејќи како што рече работата на законот за недела неработен ден и системскиот Закон за работни односи кои бараа повеќе време и поголем ангажман.

Слични содржини