Шахпаска: Жртвите од семејното насилство имаат право да поднесе тужба пред граѓански суд

од Берта Китинска

Насилството во семејството претставува еден од најсериозните проблеми на денешницата и затоа, кон негово решавање се пристапува енергично, темелно и одлучно, вели Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Бројот на случаи на семејно насилство што се пријавува во земјава е околу 15 проценти од реалната бројка. Тоа се должи најчесто на економската немоќ на жртвата поради која е приморана да молчи или ако се осмели да се пријави, повторно да се врати кај оној што го извршил насилството. Во случај на пријава пак, надлежните институции се соочуваат со голем број проблеми и предизвици како што се недостаток на докази или повлекување на пријавата од страна на жртвата, или пак пријавување на дела кои или се застарени или поради тоа што се случило во минатото не е можно да се докажат. За подобро сузбивање на оваа појава, меѓу другото, потребно е заострување на казните, размислување за квалификација на семејното насилство како посебно кривично дело, тоа да се гони по службена должност.

Министерката за труд и социјална потенцира дека многу од предизвиците на кои се упатува ќе бидат надминати со примената на новиот закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, кој е во финална фаза во собраниска процедура. Апелираше на поголема свеснсот за овој проблем и пријавување, бидејќи, како што рече, само 15 проценти од случаите се пријавуваат.

-Со новиот закон се регулира постапувањето на институциите со должно внимание при заштитата на жените од сите форми на родово-базирано насилство и жртвите на семејно насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите, мерките за превенција од родово-базираното насилство врз жените и семејното насилство, собирањето податоци за родово-базираното насилство врз жените и семејното насилство, како и брзо и ефикасно постапување на институциите, посебно судот во постапување и изрекувањето итни и на привремени мерки за заштита, рече таа.

Министерката додаде дека жртвите се ослободени од судски трошоци во текот на судската постапка и имаат право да поднесе тужба пред граѓански суд за утврдување одговорност за непостапување со должно внимание од страна на надлежните институции.

За јавните обвинители како дел од судската постапка проблем во водењето на случаите е повлекувањето на предлогот за гонење, немањето материјални докази поради што треба да се одлучува во случај на два искази на инволвираните страни, но и задоцнетото пријавување на случаите.

Слични содржини