Шакира и Надал биле во љубовна врска?

од Vladimir Zorba

Како што пишува новинарот Жорди Мартин, пејачката Шакира и тениската ѕвезда Рафаел Надал започнале тајна врска во 2009 година кога се запознале на снимањето на спотот за нејзината песна „Gypsy“.

Музичкото видео за една од најпознатите песни на Шакира вклучуваше размена на погледи и насмевки, но се чини дека било малку повеќе од тоа.

Како што пишува италијанскиот весник „Кориере дела сера“, истиот новинар објаснил како тие двајца имале интензивна љубовна врска кога се снимал спотот за оваа песна.

Во тоа време се шушкаше дека Шакира е во врска со Алехандро Санз, познат шпански пејач.

Од друга страна, и тенисерот бил во тешка ситуација, бидејќи во тој период бил во врска со Мари Перело, со која се запознал во 2005 година во средно училиште, и со која бил во врска, а подоцна се ожени.

Оваа тема, која повторно е актуелна, не доаѓа во вистинско време, бидејќи Надал моментално се подготвува за настап на УС Опен, а Шакира моментално се бори за старателството над синовите Саша и Милан по раскинувањето со фудбалерот Жерар Пике.

Слични содржини