Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се сомнева дека е нејзиниот нов љубовен избраник.

Шакира, имено, беше видена како го гледа и бодри Луис Хамилтон додека тој се натпреваруваше на Шпанското ГП во Формула 1 и со тоа само дополнително ги подгреа гласините за нивната романса.

Изгледаше како добро да се забавува, но и внимателно и срдечно ја следи трката со своите пријатели, додека некои коментираа дека нејзината насмевка кажува дека таа е многу вљубена, пренесува британски „Дејли мејл“.

Видени заедно на јахта

Инаку, веста за романсата помеѓу пејачката и спортистот кружи веќе некое време, а се започна кога Шакира и Хамилтон беа фотографираа во ресторан, а потоа неколку часа подоцна се качија на јахтата со пријателите и синовите на Шакира, Милан и Саша, кои таа ги има со Пике.

Тие уживале на јахтата вредна 20 милиони долари, а папараците забележале дека таа ја прифатила понудата за помош на Хамилтон додека се обидувала да се качи на јахтата.

Инаку, Шакира пред неколку дена со наследниците се врати во Шпанија и таму ќе помине извесно време.

Слични содржини